Фудбал

Баерн се откажа од Санчез

Баерн Минхен се повлече од трката за трансфер на фудбалерот на Арсенал, Алексис Санчез поради доаѓањето на Хамес Родригез од Реал Мадрид.

Претседателот на Баерн, Карл-Ханц Руминеге истака дека таквата одлука е донесена од тренерот Карло Анчелоти зашто веќе не му е потребно појачување во нападот.

-Повеќе не сме заинтересирани за Санчез. Направивме договор со Анчелоти веќе не ни е потребен напаѓач, изјави Руминеге.

На Санчез на тој начин му отпадна главната опција зашто Баерн покажуваше сериозен интерес. Англиските медиуми шпекулираат дека сега во игра можат конкрентно да се вклучат Манчестер Сити и ПСЖ.

Санчез изрази незадоволство што лондонскиот тим не е поконкурентен во борба за трофеи и е спремен да си замине ова лето.