Фудбал

Баерн Минхен одигра нерешено против Волфсбург

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен пропушти два гола предност во дуелот против Волфсбург играјќи нерешено 2-2.

На воведниот натпревар од 6.коло во Бундес лигата, одигран синоќа во Минхен, екипата на Баерн со головите на Роберт Левандовски (33-минута) од пенал и Ариен Робен (42) имаше водество од 2-0.

Сепак. Гостите не се предадоа, па благодарение на прекосниот гол на Максимилиан Арнолд, а по големата грешна на домашниот голман Улрих, Волфсбург во 56-минута намали на 1-2.

Конечните 2-2 на натпреварот го постави Даниел Дидави на седум минути пред крајот (83).

За Баерн ова е втор „кикс“ во новата сезона, откако пред три кола загуби на гостувањето кај Хофенхајм со 2-0.

Од натпреварите кои ќе се играат денеска го издвојуваме дуелот во Дортмунд каде „Милионерите“ се домаќини на составот на Борусија од Менхенгладбах.