петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 119
home Фудбал

Арнолд селектор на Австралија по СП

Арнолд селектор на Австралија по СП

Тренерот на Сиднеј, Греам Арнолд ќе биде селектор на Австралија по Светското првенство во Русија, потврди денеска тамошната фудбалската федерација.

Арнолд се враќа на клупата „кенгурите“ каде што беше од 2006 до 2007 година, подоцна работеше и како помошник, а по Мундијалот во Русија ќе  го наследи Холанѓанецот Берт ван Марвик.

На тој начин Австралија ќе добие трет селектор за само седум месеци, бидејќи Марвајк, дојде на местото на Ангелос Постекоглу, кој поднесе оставка по изборениот пласман на Мундијалот.

Австралија на СП е во група со Франција, Данска и Перу.