Фудбал

Англија се разбуди во шок: Почина поранешниот репрезентативец и тренер на помладиот тим на Тотенхем

Англија утрово се разбуди во голем шок откако со брзина на светлината се прошири веста за сметта на поранешниот репрезентативец на Англија Уго Ехиогу.

 

5088

Фудбалерот почина како резултат на инфарктот кој го преживеа вчера за време на тренингот со помладиот тим на Тотенхем до 23 години.

Тој веднаш бил пренесен во една лондонска болница, но докторите не успеале да го спасат неговиот живот, поради последица на јакиот срцев удар.

Фудбалерот имаше 44 години, а ќе биде запаметен како силен дефанзивец кој за англиската репрезентација одигра четири меча, а во клупската кариера настапуваше за Вест Бромвич Албион, Астон Вила, Мидлсброу, Лидс Јунајтед, Глазгив Ренџерс и Шефилд Јунајтед.