Фудбал

Алексис Санчез: Одлучив, сакам да играм во Лигата на шампионите

Англискиот премиерлигаш Арсенал ја исчекува конечната одлука на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез, за тоа дали ќе остане на „Емирати“, или пак ќе го напушти клубот.

-Донесов одлука од поодамна. Ќе ја чекам реакцијата на Арсенал. Тие треба да го имаат конечниот збор. А, јас секако сакам да играм во Лигата на шампионите, тоа е јасно, изјави Алексис Санчез.