Освежено 20:41:06
Четврток, 31 Јули 2014
Вести денес: 152

Португалскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид Кристијано Роналдо го потврди своето присуство на доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во 2013 година.

ronaldo-zlatnatopka-500

Роналдо беше лут на претседателот на ФИФА Сеп Блатер кој го имитираше и исмеваше на универзитетот „Оксфорд“ и поради тоа присуството на Португалецот на церемонијата за доделувањето на „Златната топка“ беше доведено во прашање.

Сепак, по победата над Селта со 3:0 во која Роналдо постигна два гола, тој синоќа на новинарите им изјави дека ќе оди на свечената церемонија кога ќе се прогласуваат најдобрите.

Светската фудбалска асоцијација – ФИФА на 13 јануари во Цирих (Швајцарија) ќе ја додели „Златната топка“ на најдобриот фудбалер во 2013 година.

Роналдо е прв фаворит за оваа награда пред Лионел Меси кој го доби ова признание во четирите претходни години. Во најтесниот избор влегува и Френк Рибери од Баерн Минхен.

Спонзорирани линкови

makedonija povikuva 300x250
Oglas Grad-Skopje 04
Shopping Medium Rectangle1
Black Up 300x250