Спонзорирани

Петар Баснарков – Фитнес инструктор во теретаната Cybex

Фитнес центарот Cybex е дел од Спортскиот центар „Јане Сандански”, каде членовите имаат можност да вежбаат со едни од најдобрите инструктори. Дел од инструкторите е и Петар Баснарков.

Пеце е специјалист за нашите спортисти да бидат беспрекорно физички подготвени, и за нивна рекуперација по повреда. Тој од својата 10-та година играл фудбал професионално, а веднаш по завршувањето на фудбалската кариера започнува да работи во фитнес центарот Cybex.

1petar

Неговата одлична соработка со останатите инструктори и видливите резултати кај клиентите го мотивираат уште повеќе да се вложува во својата работа, и затоа вели дека апсолутно ужива во својата работа. Работи со различни спортисти, фудбалери, кошаркари, тенисери и ракометари. Заедно со нив работи вежби за превенција, агилност, координација, интезивни тренинзи, кружни…

2petar

Најважно е да се заштитат од повреда. Најголем дел имаат повреди со колената, каде страда предниот вкрстен лигамент. Се работи и на поправање на нивните перформанси, а спортистите тренираат со Пеце во тек на сезоната, за време на пауза во клубовите, а и по сезоната.

Во теретаната Cybex заедно со Пеце тренирале Лина Ѓорческа, Јелена Антиќ, Кире Маркоски, Влатко Гроздановски, Баже Илијоски, Крсте Велковски, Андреја Ефремов, Златко Таневски, Миодраг Тодоровиќ, Михајло Митев, Огнен Стојановски, Сендрит Деари, Дејан Пецаковски, Стефан Трајковски, Ненад Димитријевиќ, Виктор Ефремовски, Кире Николовски, и уште многу други спортисти.

3petar

Пеце е постојано тука за сите членови на фитнес центарот доколку им треба некаков дополнителен совет во врска со тренингот или исхраната.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk, или следете нè наFacebook и Instagram.