ТВ

ВИДЕО: За српските учесници веќе знаете, а еве која Македонка ќе се трансформира во ТЛЗП!

Српските медиуми на големо пишуваат за почетокот на новата сезона од популарното шоу „Твоето лице звучи познато“.

Како и изминатите сезони, така и оваа, гледачите може да очекуваат многу изненадувања, интересни познати натпреварувачи, но и членови во жирито. Минатата година Македонија ја однесе победата, односно Даниел Кајмакоски се покажа како најдобар во имитација, а пак годинава Македонците ќе навиваат за нашата позната пејачка со српска адреса – Тијана Дапчевиќ.

Па така, откако лани се проба како жири во шоуто за танцови таленти, сега ќе застане од другата страна на сцената и ќе ги покаже своите актерски и пејачки способности. За претстојниот проект и турбо периодот кој и следи , Тијана се пофали на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб преку  видео во кое ја имитира Лепа Брена, а колку е маестрална во тоа, гледате во продолжение:

Извор: Вистина.мк