ТВ

ВИДЕО: Македонецот оди до крај во Ѕвездите на Гранд – Јелена Карлеуша му даде коментар за паметење

Во последната емисија од петтиот круг од Ѕвездите на Гранд ја отворија Ристе Ристески и Душан Мандиќ.

Ристе ја отпеа песната од Тоше Проески „Полско цвеќе“, а како втора песна ја отпеа „Лоша“ од Џенан Лончаревиќ. За време на изведбата имаше поддршка од Јелена и Марија.

Резултатот при гласањето беше 6-6, а по баражот Ристе помина понатаму.

Мислам дека Ана згреши и дека требаше да гласа за тебе. Ти вечерва беше без грешка и добро си се подготвил за овој круг. Јас секогаш гласав за тебе бидејќи како пејач многу ми се допаѓаш уште од почетокот, изјави Јелена.