ТВ

Специјал „Бест оф“: Најсмешните моменти од осмата сезона на „Еден на еден“

По специјалните емисии снимени надвор од студиото на „Еден на еден“, следува нов серијал со кој ќе се заокружи успешната сезона 8 на најгледаното ток-шоу во Македонија.

„Бест оф“ епизодите ќе ги донесат најсмешните, најкоментирани и најнезаборавни моменти од Жаре и екипата, како и одличните гостувања кои ја обележаа оваа сезона.

А започнуваат со монолозите, анкетите, читањето на злобни твитови, рап-битките и уште многу смешни моменти во кои главна улога имаат Жаре, Спасе, Мешевски, „Пеперминт“ и останатите. Погледнете ја најавата и потсетете се зошто оваа епизода не смее да се пропушти.

„Бест оф монолози“ во сабота од 19:15 часот на „Телма“.