ТВ

Соборен рекордот на ТВ водител со најдолг стаж во светот

Американскиот телевизиски водител Дон Алхарт постави нов светски рекорд за најдолга кариера на водител на ТВ вести.

 

Гинисовата книга на рекорди оваа седмица испрати потврда за новиот рекорд на Алхарт, кој веќе 51 година работи како водител на телевизијата WHAM-TV во Рочестер во државата Њујорк.

Алхарт почнал да работи на таа телевизија на 6 јуни 1966 година. Претходниот рекорд го држеше Дејв Вард, спикер на телевизијата КTRK-TV во Хјустон кој како водител работел 49 години и 218 дена, а се пензионираше во мај.