ТВ

ПРЕСЛАТКА ЦРВЕНОКОСА: Еве колку неодоливо девојченце била Дефне како мала! (ФОТО)

Популарната турска актерка и модел Елцин Сангу или попозната како Дефне од хит серијата „Вљубениот ерген“, како и својот колега Бариш Ардуч ги живее моментите на најголемата популарност.

defne

За тоа секако најзаслужна е улогата на Дефне преку која ја засакаа бројни обожаватели ширум Европа и Азија. Покрај темпераментот и харизмата, нејзиниот заштитен знак е огнената боја на долгата коса за која сигурно сте се запрашале дали е природна или боена?

Турските медиуми го следат нејзиниот живот во чекор, а неодамна се појави и фотографија на Елцин кога била малечко девојче.

Фотографијата е направена во училиште заедно со нејзините соученици, а од прва ќе ја препознаете црвенокосата и преслатка Дефне.

1defne

Извор: Вистина.мк