ТВ

Пленат со истата шармантна насмевка – водителката Александра ја покажа сестра си! (ФОТО)

Младата и шармантна ТВ и радио водителка Александра Пановска Илиевска за кратко време преку кулинарското шоу „Брза кујна“ стана една од омилените телевизиски водителки.

Нејзина поткрепа пред камери се забавните и вешти шефови Марк и Никола, кои покрај една така весела и харизматична дама, редовно секој ден ги честат гледачите и публиката со одлични и мајсторски сработени рецепти.

Специјално за Вистина.мк, Александра реши да ја покаже сестра си, која е нејзина најголема поддршка и најдобра другарка. Нејзиното име е Тања и е постарата сестра на Александра, а по професија е правник. Голема радост на Александра е и внучето од сестра и, кое на нивната поврзаност им дава уште поголема доза на неизмерна и безрезервна љубов.

-Тања е постара од мене, а со тоа уште од детството ми е најдобра другарка, а денес и најголема поддршка. Повеќето велат дека не си личиме многу физички, а пак други дека имаме некои мали сличности, вели Александра.

Ние би кажеле дека кај двете сестри најслична е прекрасната широка насмевка, се сложувате?

1aleksandra

2aleksandra

Извор: Вистина.мк