ТВ

Омер и Дефне повторно заедно – објавија супер вест за фановите

Откако постигнаа голем успех преку ликовите на Дефне и Омер од серијата „Изнајмена љубов“, актерите Бариш Ардуч и Елцин Сангу подготвуваат нешто ново.

Имено, во турските медиуми се појави информација дека популарната двојка повторно ќе глуми заедно на филмското платно и тоа во уште една серија чии детали ќе бидат објавени кон почетокот на месец ноември.

Според пишувањата, Елцин и Бариш набрзо треба да започнат со снимања, а дотогаш останува да видиме за каква приказна станува збор.

Инаку, македонската публика е во исчекување на втората сезона од популарната серија која кај нас го носи името „Вљубениот ерген“.