ТВ

Ненадејно почина ѕвездата на популарно американско шоу

Мајк Актар починал во својот дом во Вестбурн во Лонг Ајленд.

28 годишниот Мајк ќе остане запаметен по американското шоу Jerseylicious, каде беше во врска со најголемата заводничка од натпреварувачките Оливија Блоис Шарп.

Полицијата се уште  не ги објавила причините за смртта, но телото е предадено на обдукција и деталите ќе се дознаат наскоро.

Мајк и Оливија веќе подолго време не се заедно, но неа многу ја погодило веста за неговата смрт па на својот Инстаграм профил се прости од него.