ТВ

Не знаеш кој е поубав: Демир и неговата девојка блеснаа на Гала вечер! (ФОТО)

Серијата „Љубовта на мојот живот“ е пред самиот крај, а следуваат најинтересните сцени за публиката.

По снимањето на серијата, Серкан добива се повеќе ангажмани, пред се во реклами во модни списанија, бидејќи освен актер тој е и модел, а популарноста дополнително придонесе тој да се вивне на врвот како еден од најбараните машки модели и актери.

Деновиве, заедно со неговата сакана, актерката Озге Гурел присуствуваа на Гала вечер за промоција на нов филм каде играат заедно, каде блеснаа во сиот свој сјај.

Тој со сменет имиџ, без брада и со скратена фризура, а Озге во луксузна тоалета како холивудска ѕвезда.

Турските медиуми не го пропуштија нивното доаѓање на црвениот килим, а не изостанаа ниту бројните написи за нивното појавување.

Извор: Вистина.мк