ТВ

МИНИ ВЕСТИ: ТВ Нова со изненадување за најмладите

Вестите не секогаш мора да се наменети за возрасните, затоа Телевизија Нова воведува новитет во својата програма, овој пат тоа се вести за најмладите гледачи.

Постојано се трудиме да воведуваме новитети и промени во македонскиот телевизиски етер, но притоа ставајќи ја веста и информацијата во фокусот.

Проектот е насловен како „МИНИ ВЕСТИ“ и постои за деца кои не знаат да читаат весници, телопи и реклами, како и за родителите кои немаат време да одговорат на секое „ЗОШТО“?

Малите сезнајковци од „МИНИ ВЕСТИ“ се подготвени да ве информираат за се.

Се работи за дневна детска емисија со времетраење од десет минути во која улогата на „сериозни“ презентери, новинари, репортери и синоптичари ќе им припадне на најмалите и најискрените.

Детските вести стартуваат денеска во 18:45 минути на „Телевизија Нова“ a репризното издание на емисиите можете да го гледате следниот ден во 10:45 часот.

Викенд изданијата, во сабота со почеток од 8 часот и во недела во 12 часот се со поголемо времетраење, со тоа и со повеќе содржини за најмладите гледачи на вести.

Проектот е во продукција на „Хит Медиа“, а како продуцент и проект-координатрот се јавува македонскиот водител, Ненад Ѓеоргиевски.

„Од кога станав родител, нормално приоритетите во животот ми се променија. Инспириран од моите деца кои како сунѓер впиваат се што ќе видат и слушнат, сфатив дека на телевизија нема детска емисија која има образовен, но и забавен карактер. Со тимот од мојата продукција
решивме да ги создадеме „Мини Вести“, а децата, но и родителите во Македонија да имаат 10 квалитетни минути поминати пред телевизор“, вели Ѓеоргиевски.

Покрај вестите за возрасните сега Телевизија Нова нуди содржини и за најмладите, можете да го подготвите целото семејство и заедно да гледате вести на ТВ НОВА ги информираме сите, па дури и најмладите.