ТВ

Македонецот Стојанчо Бучков влезе во финалето на бугарскиот „Х фактор“! (ВИДЕО)

Македонија ќе има за кого да навива во тековната сезона на бугарскиот „Х фактор“, каде што минатиот викенд заврши и последната фаза пред финалните вечери во живо, во чии рамки за победа ќе се натпреваруваат 13 кандидати. Како што е познато, годинава меѓу пријавените имаше и два Македонци, но само еден од нив продолжува во финалето, а тоа е извонредниот Стојанчо Бучков од Гевгелија!

Во фазата наречена „Домовите на судиите“, 22-годишниот пејач ја имаше последната шанса да го убеди менторот Криско дека заслужува место меѓу најдобрите три од неговата категорија, а во одлуката му помагаше познатата бугарска пејачка Јорданка Христова. Стојанчо овој пат ја отпеа баладата „Angel“ од Сара Меклаклен, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.