ТВ

Лагерфелд: Мерил Стрип не сака да носи „Шанел“ ако не и е платено

Дизајнерот Карл Лагерфелд изјави дека е разочаран од актерката Мерил Стрип бидејќи не сака да носи фустани од брендот „Шанел“ доколку тоа не и е платено.

Според договор со оскаровката Мерил Стрип (67), креативниот директор на модната куќа „Шанел“ Карл Легерфелд дизајнирал фустан, но таа одбила да го носи на овогодинешното доделување на Оскарите доколку тоа не и биде платено.

– Ние ги подаруваме фустаните, не им плаќаме на ѕвездите да ги носат, изјави Лагерфелд.

Портпаролот на актерката ја демантираше изјавата на Лагерфелд.