ТВ

Ќе се наежите: Внуката на македонскиот пејач растури во Пинкови Ѕвездички (ВИДЕО)

Во последната емисија на Пинкови Ѕвездички, се претставија и кандидатки од Македонија. Но, посебен белег остави тринаесет годишната Мина Блажев од Скопје.

Откако ја отпеја „Кој да ми запее“ од Каролина Гочева, Мина доби 4 гласа, а жирито беше воодушевено.

1mina

По песната од Каролина, македонското девојче ја отпеја и  песната  Can’t feel  my face од „the Weeknd“.

-Јас верувам во тебе. Кореографијата ти одзема најмногу енергија. Одлична пејачка си, изјави Јелена Томашевиќ.

2mina

Македонското девојче помина во следниот круг. Инаку, Мина е внука на македонскиот познат пејач Владмир Блажев односно Панчо од ДНК. Па не е ни чудно што има таков талент, кога потекнува од музичко семејство.

Нејзиниот настап погледнете го во видеото во продолжение.

Вистина.мк