ТВ

Јелена Спенџарска го вовлече обичниот костим за капење во задникот како да е танга! (ФОТО)

ТВ водителката Јелена Спенџарска пред неколку дена замина на летен одмор во Црна Гора, а друштво и прави нејзината сестра.

Водителката е една од најактивните на социјалната мрежа Инстаграм, па буквално речиси и да нема момент кој таа не го документира и објавува за следбениците. Па така, откако ги спакува куферите и се до моментот кога се распосла на плажа, Јелена го покажа секој поминат миг, за нели Инстаграм семејството да знае што точно прави …

И додека останатите познати скржаво ја чуваат приватноста, за македонската водителка важи правилото што повеќе, тоа подобро. Познатата беровчанка има свои навики и правила од кои не отстапува, а спроведувајќи ги истите, преферира да биде поразлична од другите.

Се со цел да го постигне тоа, Јелена обичниот костим за капење го вовлече во задникот како да е танга модел, а потоа секако фотографијата ја објави се разбира каде ако не на Инстаграм. По се изгледа или ја заборавила тангата, па посака да го сонча и задникот или едноставно дури и да боли овој потег, Јела мора да биде своја – по секоја цена!

Извор: Вистина.мк