ТВ

„Британија има талент“: Тој успеа да го насмее и Сајмон Кауел (ВИДЕО)

Комичарот и магионичар Мет Гетс (34) настапи во шоуто „Британија има талент“ и успеа да го насмее и да добие пофалби од Сајмон Кауел, кој важи за најстрог член на жирито.

Одличниот настап на Мет ја насмеа и публиката, но и двајцата водители.

Токму тие, велејќи дека одамна не се смее толку силно, излегоа на сцената и го стиснаа златното копче во моментот кога жирито гласаше, со што на неверојатниот Мет му овозможија директен влез во полуфналето и настапите во живо.

Настапот на овој комичар и магионичар кој со сигурност ќе ве насмее и вас може да го погледнете во продолжение.