среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home ТВ и Филм

Тие забранија телевизиите да емитуваат турски серии

Одредени арапски критичари на социјалните мрежи водеа кампања против турското влијание, кое, како што велат, по пат на сериите се пренесувало во нивните домови.
Тие забранија телевизиите да емитуваат турски серии

Најголемиот емитувач во арапскиот свет „МБЦ груп“ соопшти дека повеќе нема да прикажува турски серии, што е резултат на зголемените тензии помеѓу Анкара и неколку арапски земји.

-Донесена е одлука што опфаќа и неколку арапски телевизиски станици во неколку земји, вклучувајќи ја и „МБЦ груп“, да се прекине со емитувањето турски серии, изјави портпаролот на „МБЦ груп“, Мазен Хаек“, пренесе „Ројтерс“.

Одредени арапски критичари на социјалните мрежи водеа кампања против турското влијание, кое, како што велат, по пат на сериите се пренесувало во нивните домови.

Меѓутоа, како што наведе „Ројтерс“, со оваа одлука можеби ќе им се даде шанса на земјите како што се Катар и Либан да ја пополнат медиумската празнина.

-Ова може да биде добра иницијатива арапските продуценти да создаваат добри арапски драми, кои ќе бидат алтернатива за оние што повеќе нема да се емитуваат, порача Хаек.