среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 107
home ТВ и Филм

Се залепија лице до лице: Македонец стиснат до Александра Пријовиќ (ФОТО)

Се залепија лице до лице: Македонец стиснат до Александра Пријовиќ (ФОТО)

Како и секоја сезона, така и оваа, во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ доминираат натпреварувачите од Македонија.

Тоа се докажа и минатата година, кога охриѓанецот Ристе Ристески ја однесе победата.

И оваа сезона имаме неколку учесници кои ги собираат сите пофалби од жирито, а еден од нив е и внукот на Зоран Џорлев, Огнен Здравковски.

Младиот талент е во борба да се издвои меѓу најдобрите, а со своите одлични изведби успева да се пласира и во наредните кругови на шоуто.

Деновиве Огнен беше во Белград  на снимањето на емисијата „Гранд Специјал“, од каде не пропушти да овековечи неколку моменти и секако да ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи кои постојано се зголемуваат.

Но, со една од фотографиите тој предизвика најголемо внимание. Имено, Огнен се сретна со Александра Пријовиќ, па ја замоли да направат еден фото спомен.

Залепени еден до друг, наш Огнен и снаата на Брена ги собраа сите пофаби. Дали и Здравковски ќе се покаже така успешен како и Ристе, останува да видиме и секако да стискаме палци!