сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 64
home ТВ и Филм

Се подготвува филм за „Сопранови“- деталите се чуваат во тајност, но ова е познато

Се подготвува филм за „Сопранови“- деталите се чуваат во тајност, но ова е познато

Во тек се подготовки за филм, кој ќе се занимава со почетоците, односно периодот што му претходи на култната серија „Сопранови“.

Студиото „Њу лајн синема“ ги откупи правата за сценариото „The Many Saints of Newark“, кое го напишаа Дејвид Чејс, творецот на „Сопранови“ и Лоренс Конер, филмски и телевизиски сценарист.

Приказната е сместена во шеесетите години во градот Њујорк и се опфатени расните немири во овој град на сојузната држава Њу Џерси.

Дејствието ќе се одвива преку тензиите меѓу афро-американската и италијанско-американската заедница, особено изразено во делот на организираниот криминал.

Иако деталите се чуваат во тајност, дел од ликовите од серијата ќе се појават и во филмот. За жал, Џејмс Гандолфини, кој го играше Тони Сопрано, ќе го нема во филмот, бидејќи актерот почина на 51-годишна возраст од срцев удар во 2013 година.

„Сопранови“ се емитуваа од 1999 до 2007 година и го означија почетокот на новиот златен период на телевизиските серии. Серијата се емитуваше шест сезони и имаше вкупно 86 епизоди.