петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 119
home ТВ и Филм

Ова е најгледаниот филм во светот во 2017 година

Ова е најгледаниот филм во светот во 2017 година

„Убавицата и ѕверот“ е најгледан филм во кината ширум светот во 2017 година. Римејкот на анимираниот филм од 1991 година, во кој главните улоги ги имаат Ема Вотсон и Ден Стивенс заработи милијарда и 263 милиони долари само од продажбата на билетите во кината.

„Убавицата и ѕверот“ се најде на 10-тото место на најгледани филмови на сите времиња, а интересно е што едно место над него е уште остварување на Дизни, „Frozen“.

На второто место на листата најгледани филмови во светот се најде осмото продолжение на „Брзи и бесни“.

Третото продолжение на „Despicable Me“ е на третото место.