понеделник, 22. јануари 2018. Вести денес: 50
home ТВ и Филм

Новиот филм на Питер Џексон ќе биде уште „полуд“ од „Хобитот“

Новиот филм на Питер Џексон ќе биде уште „полуд“ од „Хобитот“

Третиот дел од “Хобитот” излезе уште во 2014 година, а славниот новозеландски продуцент конечно се враќа на големите екрани. За филмските фанатици и обожавателите на Питер Џексон, пристигна новиот трејлер за филмот “Mortal Engines”.

Универзал Пикчрс го објави трејлерот за оваа адаптација на романот на Филип Рива, за чија продкуција беше задолжен Питер Џексон кој имал за задача да ја адаптира книгата во сценариото.

“Mortal Engines” е уште еден филм за иднината каде последните големи градови постојат во огромни автомобили кои ги проголтуваат малите автомобили т.е малите градови, со цел да ги употребуваат нивните ресурси.

Филмот е снимен според романот кој веќе долго време привлекувал големо внимание во Холивуд, но никој не се осудил да го екранизира поради големата посветеност и комплицираното пренесување на ваквите идеи на платно. Никој, но човекот кој ги сними “Господарот на прстените” се осуди да го направи тоа.

Ѕвезди на филмот ќе бидат Роберт Шијан, Хера Хилмар, Хуго Вивинг и Стивен Ланг. За режијата бил задолжен Кристијан Риверс, кој е долгогодишен соработник на Џексон. Тој бил претпоставен за специјалните ефекти, а работеле заедно на “Господарот на прстените”, “Кинг Конг” и многу други филмови.

“Mortal Engines” ќе се прикажува во кино салите на 14 декември 2018 година.