среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 20
home ТВ и Филм

„Цел опус на вршење голем нужда“: Овој анимиран филм е прогласен за најлош, критиките жестоки

„Цел опус на вршење голем нужда“: Овој анимиран филм е прогласен за најлош, критиките жестоки

„Имоџи филмот“, анимираниот филм со Џејмс Корден и Патрик Стјуарт во главни улоги, славеше во клучните категории на доделувањето на „Златните малини“, со кои традиционално, во пресрет на Оскарите, се избира најлошото во Холивуд за изминатата година.

Освен што е најлош филм, што првпат во историјата се додели на еден анимиран филм, „Имоџи“ ги доби и статуетките за најлоши режија и сценарио.

Во објаснувањето на наградата стои дека филмот претставува „цел опус на вршење голема нужда“.

Том Круз е најлош актер за улогата во римејкот на „Мумија“. И овој филм лошо помина кај критиката, која го опиша како празноглав и еднонасочен.

Иако машко, Тајлер Пери доби „Малина“ за најлоша актерка, благодарение на својата улога на маскирана постара жена во комичниот хорор „Бу 2: Ноќта на вештерките на Мадеа“.

Најлоши споредни актери се Ким Бејзингер и Мел Гибсон. Интересно е што оваа награда во 1990 година ја има добиено сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.