Познати

Живата легенда нема потреба да жали: „пензионерските“ денови Буфон ќе ги помине со оваа секс бомба (ФОТО)

Живата голманска легенда Буфон денеска е во центарот на вниманието откако вчера се прости од италијанската фудбалска репрезентација.

Иако за приватноста на голманот на Јувентус не се знае многу, сепак очигледно е дека тој е среќен човек покрај својата девојка Иларија Дамика и својот син.

Парот е заедно веќе три години откако Буфон се разведе од својата поранешна сопруга Алена Шредова, а на 6 јануари минатата година тој го доби својот син Леополдо Матија заедно со Иларија.

Парот дека е среќен покажуваат и големиот број на фотографии направени од папараците секаде каде и да ги видат заедно, а тоа е доволна причина за голманот на Јувентус да не тагува за остатокот од животот кој допрва му започнува со оваа секс бомба.