Познати

ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА: Еве зошто Бред и Анџелина го стопираа разводот

Првенствено станува збор за финансиски причини. Имаат многу недвижноста, а доста работи има и кои не се дефинирани со предбрачниот договор, изјави за британските медиуми познаник на славниот пар.

 

53 годишниот Бред Пит и 42 годишната Анџелина Џоли наводно го запреле процесот за развод кој го започнаа мината година.

Првенствено станува збор за финансиски причини. Имаат многу недвижноста, а доста работи има и кои не се дефинирани со предбрачниот договор, изјави за британските медиуми познаник на славниот пар.

Тој објаснува дека Бред сака да го задржи имотот во Франција и да ја остави својата марка вино, додека Анџелина од друга страна сака да го продаде имотот и добиените пари да ги подари во добротворни цели.

Бред надодно е опседнат со својата збирка мебел од раниот 20-ти век веден околу 10 милиони долари, што Анџелина исто така сака да продаде.

-Проблем им се и децата. Бред сака заедничко старателство, а Анџелина сака децата да живеат со неа, вели познаникот на парот.