Познати

Викторија Бекам името на својата ќерка го регистрирала како заштитен знак

Популарната „Спајс девојка“ Викторија Бекам сопругата на славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам името на својата ќерка Харпер го регистрирала како заштитен знак.

Тоа значи дека петгодишната Харпер во иднина ќе може да го користи своето име како бренд за облека, играчки, шминки и други работи.

„The Sun“ пренесува дека Викторија го проширила спектарот на регистрација и сега е покриена и забавната индустрија во случај Харпер да тргне по стапките на своите родители.

Мама Викторија истото го сторила и со имињата на своите деца Бруклин, Ромео и Круз.

-Ова е нормална работа кога имате успешна кариера и адвокатите тоа во го предложат. Бекамови го сториле ова за да ги заштитат своите деца од овој манипулативен свет, изјави Оливер Бреј од меѓународната адвокатска фирма РПЦ.

Дејвид Бекам своето име го регистрирал во 2000 година, а Викторија две години подоцна кога одлучи да започне соло кариера.