Познати

ВИДЕО: Почина познатиот оперски пејач од Русија

Прочуениот руски оперски пејач Дмитриј Хворостовски, по долготрајната борба со ракот, почина синоќа во 55-та година од животот.

– Славниот баритон почина мирно и опкружен со семејството во Лондон. Нека топлината на неговиот глас и виножитото секогаш бидат со нас, се вели во соопштението.

На Хворостовски во 2015 година му беше откриен тумор на мозокот, по што тој објави крај на кариерата. Сепак, годинава во мај непланирано се појави Метрополитен операта во Њујорк и отпеа арија од „Риголето”, што му беше една од најсилните страни.

Во 2013-та година тој настапи и на отворањето на манифестацијата „Охридско лето“ во Античкиот театар.

Во 2015-та беше одликуван со Орденот „Александар Невски“, а годинава го доби рускиот Орден за заслуги за татковината.