Познати

ВИДЕО: Инцидент на концертот на Бритни Спирс

Кога пред два дена излезе на бината во Лас Вегас за да одржи концерт, Бритни Спирс не очекуваше дека на концертот се настане тотален хаос.

Додека ја пееше песната „Crazy“, на бината се појави човек кој сакаше да дојде до неа, но беше спречен од брзата реакција на обезбедувањето.

Таа прекина со пеењето и го праша обезбедувањето дали мажот носи пиштол со него. До отстранување на лицето од бината, Бритни беше тргната од сцената од страна на обезбедувањето.

Лицето било пријавено во полиција, по што било утврдено дека се работи за Џес Веб (37), но од полицијата не сакале да откријат повеќе детали.