Познати

Вејн Руни чека четврто дете

Приказната за Колин Руни е многу интересна.

 

Сопругата на фудбалерот, Вејн Руни, повторно е трудна и тоа четврти пат. Тоа го потврди на една од социјалните мрежи.

– И тоа како сум среќна. Никогаш не сум ги негирала наводните вести, но сакав да се заштитам. Бев на ултразвук и се е во ред. Бебето број 4 е на пат, напиша гордата госпоѓа Руни.

Сепак таа пред неколку дена остро го нападна својот сопруг наведувајќи дека е бескорисен и дека не сака да и помага.

– Нема шанси да изнесе ѓубре или да измие садови. А ако го замолам да испрати писмо, подобро тоа сама да го направам. Би сакала повеќе да го користи мозокот, отколку нозете на терен – нагласи Колин истакнувајќи дека мажот го доживува како бескорисен.