Познати

Ураганот „Ирма“ ја уништил луксузната вила од милион евра на Лепа Брена во Мајами

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена е очајна поради ураганот „Ирма“.

Страшниот ураган го погоди и Саут Бич, елитен кварт во Мајами каде Брена има луксузна вила од милион евра. Според српските медиуми, вилата на Брена претрпела големи штети од ударите на „Ирма“.

Имено, според извор близок на пејачката, Брена се обидела да стапи во контакт со нејзините соседи во Саут Бич во обид да евакуира дел од работите во вилата пред налетите на ураганот, но не успеала во тоа.

Инаку луксузната вила на Лепа Брена има 400 квадратни метри и се наоѓа на самиот брег на океанот.