Познати

Убавата Каљтрина – музичар и талентиран мејкап артист

Мајка, професорка по музичко, мејкап артист, тоа е Каљтрина Круезиу. Жената која успева да направи баланс помеѓу сите тие работи и секогаш да изгледа беспрекорно, излезена како од моден каталог.

Љубовта кон музиката ја наследила од најзината мајка, која е музичар, а татко и кој е ликовен уметник е виновен за тоа што таа сака да експериментира со шминка.

Уште како мала, додека татко и со денови цртал на платно, нејзина главна играчка биле шминките на мајка и.

Никогаш не помислувала дека еден ден ќе се занимава со шминка, затоа што потекнува од музичко семејство, каде нејзината мајка и браќата се врвни музичари и уште од пет години таа свири клавир, па нормално за неа било и да заврши на музичка академија.

За Каљтрина сепак приоритет е семејството и нејзиното три годишно синче. И покрај многуброните обрски таа се труди секој слободен миг да го помине со своето семејство и да ужива во миговите поминати заедно.

Убавата Калтрина секој нов тренд го испробува прво на себе, па потоа на младите девојки. За шминката вели дека многу ја исполнува бидејќи финалниот резултат се гледа и 100 отсто зависи од неа, што не е случај и со музиката за која колку и да си добар професор сепак важна е и кооперативноста на самите ученици.