Познати

Свадбата започна: Каролина ќе се мажи во венчаница од свекрвата? (ФОТО)

Топ тема на македонската естрада денеска е свадбата на Каролина Гочева. Поп-пејачкта утре ќе се мажи за своето момче , уметникот Михаил Корубин.

 

Дека поп-ѕвездата наголемо се спрема за свадба, не е тајна. Но, она за што последниов период се говори, е каква венчаница ќе носи и кој ќе ѝ ја дизајнира.

Дали идната свекрва, Лиле Корубин, позната македонска дизајнерка, или нејзината долгогодишна стилистка Цаци Паковска или поп-ѕвездата ќе се реши за некој од познатите светски брендови.

На свадбата, која ќе биде во Скопје, покрај семејството и најблиските, поканети се познати личности од естрадата.

Каролина и Михаил пред да се земат речиси две години беа во љубовна врска. Летово беа на одмор во Италија, па на островот Миконос во Грција, од каде што поп-ѕвездата споделуваше фотографии.