Познати

Српската актерка откри: Сите знаат дека сум се тепала, но не и дека сум се напила среде бел ден

Детали од приватниот жиивот на популарната водителка Катерина Радивоевиќ, или позната како Зоне, секогаш ја интригирале јавноста.

Неодамна таа се најде на гостување во емисија каде и беше поставено прашањето дали некогаш се степала, таа одговорила:

-Да секако, тоа сите го знаат, одговорила Катерина.

Потоа открила дека во една прилика, и се случило да прати порака на погрешен број, која иако не била со безобразна содржина, сепак таа ситуација не завршила се добро.

Катерина рекла дека знае некогаш да се напие среде бел ден, да биде пијана сред пладне, но дека одамна не го направила тоа.

Катерина открила и дека е многу разочарана поради тоа што на неколку кастинзи, за одредени улоги, не била ни повикана, додека сите други нејзини колешки добиле покана.