вторник, 16. јануари 2018. Вести денес: 44
home Познати

Славниот музичар го губи слухот

-Се надевам дека луѓето ќе дојдат за да ме слушнат, а не од љубопитност. Знам дека ќе има и дел такви, бидејќи е неверојатно што уште сум тука, додава легендарниот гитарист.
Славниот музичар го губи слухот

Славниот музичар и легендарен гитарист Ерик Клептон изјавил дека продолжува да работи, но свесен е дека пред него има многу предизивици бидејќи се потешко му е да свири поради болеста која ја има.

Клептон вели дека поради болеста тинитус го губи слухот.

За Би-Би-Си Радио 2 тој вели дека му ѕвони во внатрешнотста на увото, но дека продолжува со работа и дека во јули ќе свири на Британскиот летен фестивал во Хајд парк.

-Единствено се грижам да не го загубам слухот, вели музичарот кој минатата година имаше проблеми со болки во грбот, а подоцна со заболување на периферните нерви.

-Се надевам дека луѓето ќе дојдат за да ме слушнат, а не од љубопитност. Знам дека ќе има и дел такви, бидејќи е неверојатно што уште сум тука, додава легендарниот гитарист.