сабота, 17. февруари 2018. Вести денес: 68
home Познати

Славен актер и познат спортист имаа тешка сообраќајка, едно лице загина

Страшната сообраќајка се случила во соседството Пацифик Палисејдс, судар кој се случил помеѓу Ферари и БМВ, при што возилото Ферари удри во возилото на Лук Вилсон. Се смета дека глумецот не е повреден, но шоферот на автомобилот Ферари, каде совозач бил 35 годишниот Хас, беше прогласен за мртов.
Славен актер и познат спортист имаа тешка сообраќајка, едно лице загина

Актерот Лук Вилсон, ѕвездата од филмот “Legally Blonde” и голф играчот Бил Хас беа дел од сообраќајна несреќа каде едно лице загина, а две се со сериозни повреди.

Автомобилот кој бил управуван од 46 годишниот Лук, братот на Овен Вилсон, беше удрен од страна на Ферари синоќа во страшна несреќа во Лос Анџелес, каде локалната пожарна служба потврди дека Хас е сериозно повреден.

Страшната сообраќајка се случила во соседството Пацифик Палисејдс, судар кој се случил помеѓу Ферари и БМВ, при што возилото Ферари удри во возилото на Лук Вилсон. Се смета дека глумецот не е повреден, но шоферот на автомобилот Ферари, каде совозач бил 35 годишниот Хас, беше прогласен за мртов.

Хас и 50 годишната жена од возилото БМВ беа одведени во болница.

Сè уште не е јасна причината за сообраќајката, а полицијата ќе работи на дознавањето за деталите.

Детективот Џеф Фишер од полицијата на Лос Анџелес, изјавил:

“Можам да Ви потврдам дека Лук Вилсон управуваше со едното возило кое се упатуваше кон север. Неговиот пат беше попречен кога возилото Ферари удри во него. Г-динот Бил Хас беше едниот од патниците во Ферарито. Очигледно, од тоа што ми кажаа, тој е исто така добро”.

Хас подоцна бил пуштен од болница откако беше соучесник во сообраќајка каде едно лице загина, а две беа повредени. Таткото на Хас, изјави: “Бил има болки и отечени нозе, но за среќа нема скршени коски. Во секој момент ќе започне да оди на терапија.”

“Бил имаше голема среќа”, вели неговиот татко.