Познати

СКАНДАЛ: Кралицата нема да биде на венчавката на Хари, бидејќи ова не ѝ го простува на снаата

Венчавката на принцот Хари и неговата свршеничка Меган Маркл, со денови е топ тема во светските медиуми.

Парот во понеделникот ја објавил својата свршувачка и соопштил дека ќе се венча во мај следната година во катедралата Сент Џорџ во Виндзор. Кралското семејство ќе ја плати целата венчавка.

Виндзор е посебно место за принцот Хари, кој таму го минал своето детство. Парот се одлучил венчавката да биде во мај, за овој настан да не се поклопи со раѓањето на третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Но, свадбената забава би можела да ја уништи и одлуката на бабата на Хари, кралицата Елизабета, која нема да присуствува на венчавката. Имено, бидејќи кралицата Елизабета е поглавар на Англиската црква, која пропагира брак за цел живот, таа не може да мине преку фактот дека свршеничката на Хари имала еден пропаднат брак.

Кралицата не поддржува разводи, па веројатно нема да биде на црковната свадба на принцот Хари и Меган.

Од истата причина не била на свадбата на својот син, принцот Чарлс, со Камила. Англиската црква некогаш забранувала брак на разведени луѓе, но тоа правило било променето во 2002. година. Сепак, кралицата останала верна на старото правило на оваа духовна институција.

Покрај тоа, Меган, која е протестантка, ќе мора прво да биде крстена и примена во Англиканската црква. Освен што ќе ја промени верата, Меган работи и на тоа да добие британско државјанство.