Познати

Што изјави Вин Дизел за сцената со бакнежот со Шарлиз која морал сто пати да ја повтори?

Во интервју за „USA Today“ Вин Дизел вели дека во текот на снимањето на филмот „Fate Of The Furious“ режисерот побарал сцената во која тој се бакнува со Шарлиз Терон, да се повтори безброј пати….

– Шарлиз Терон не е лош партнер за бакнување. Има и полоши работи кои може да ви се случат – се шегуваше 49 годишниот Вин Дизел кој всушност се пофали со моментот дека оваа сцена ја преснимувале повеќе пати.

1vin dizel

– Дали знам дали таа уживала. О, па се разбира! – самоуверен е Дизел.

Инаку, иако Вин Дизел и Двејн Џонсон се појавуваат како ѕвезди во филмот, се погласни се шпекулациите дека тие се во толку лоши односи што не сакаат да се видат. До толку што на и промоциите на филмот ако едниот се појави, другиот сигурно го нема!