среда, 17. јануари 2018. Вести денес: 49
home Познати

СЕКС-СКАНДАЛ: Познатиот фудбалски судија ја изневерувал сопругата, а од љубовницата барал фотографии во долна облека (ФОТО)

Познатиот фудбалски судија од Англија, Марк Клатенбург доби црвен картон откако се најде во секс скандал.
СЕКС-СКАНДАЛ: Познатиот фудбалски судија ја изневерувал сопругата, а од љубовницата барал фотографии во долна облека (ФОТО)

Клатенбург  на почетокот на годината ја напушти Англија и замина да работи во Саудиска Арабија каде што сега заработува неколку пати повеќе отколку во својата држава.

Клатенбург додека бил се уште на островот, се запознал со разведената 50-годишна дама Андреа Нодгинс, а за тајните состаноци сега дознала и сопругата на Марк, Клаир.

-Тој е навистина шармантен и романтичен човек. Љубезен е и веднаш паднав на него. Има тој тешки судиски особини, но во приватниот живот тој воопшто не е таков, изјави Андреа кој откри и една пикантна работа.

Имено Клатенбург и пратил порака дека сака да ја види во штикли, кратка суќничка и чорапи, а потоа побарал слика од нејзе во долен веш за да би можел да се „опушти“.

Сепак следело вистински шок за Андреа кога на Инстаграм открила дека всушност Марк е оженет, нешто за што претходно не била запознаена.