Познати

Се снима документарец за Џоли и Пит: Валкани детали ќе излезат на виделина!

Иан Халперин подготвува документарен филм за врската и за причините за развод на славната холивудска двојка – пишува The Sun.

Халперин тврди дека тие биле разделени подолго време пред да обелоденат дека се разведуваат во септември 2016.

– Иан ќе открие пред јавноста многу работи за нив, а најголемиот шок е неговото тврдење дека биле разделени цела година пред да го објават разводот. Тој и негоиот тим имаат детали за врската на Бред и Анџелина, снимки и делови од интервјуа кои претходно не биле видени – пишува Тhe Sun.

1pit

Во 2009-та Иан Халперин објави книга за Бред и Анџелина во која дури предвиде дека за 7 години ќе се разделат!