Познати

Се шушкаше дека чека бебе со Бред Пит – Познатата актерка по втор пат стана мајка

Марион Котијар и Гијом Кане го добија второ дете. Девојчето е родено на 10 март, но дури сега тие ја споделија информацијата во медиумскиот простор.

Двајцата веќе го имаат 5-годишен син Марсел. Котијар информацијата за својата бременост ја сподели уште во септември, кога се појавија гласини дека меѓу неа и Бред Пит имало афера.

Актерката не сакаше да зборува за шпекулациите, но се чувствувала непријатно за изнесените информации во врска со аферата со Бред Пит, и затоа решила категорично да ги отфрли сомнежите.

Котијар и Кане живеат заедно од 2007 година, но немаат официјалено склучено брак.