Познати

Се е откриено – еве колку заработуваат Карлуеша и Лукас во „Ѕвездите на Гранд“ и кој е најплатен од жирито

Проблемите околу емитувањето на „Ѕвездите на Гранд“ ги открија хонорарите на членовите на жирито, па се пишуваше дека Карлеуша поради највеното емитување на шоуто на телевизија Пинк, ќе добие 400.000 евра од сопственикот на Гранд. Меѓутоа, спрскиот портал „Ало“ пишува дека таа и нејзините колеги и понатаму ќе работат за „џабе“, а исклучок е само Драган Стојковиќ Босанац.

-Гранд генерално не ги плаќа членовите од жирито затоа што за нив учеството е најголема медиумска промоција, поради што им се крева популарноста и цената на настапите, се оживуваат нивните стари хитови, а продукцијата ги промовира и често им ги организира концертите – наведува извор за „Ало“.

Сепак постои исклучок, а тоа е Босанац.

-Босанац е единствен член од жирито кој не е пејач, значи не живее од публиката и нему медиумската промоција не му значи многу. Тој веќе со години не е активен како продуцент и аранжер, па Саша Поповиќ за него одвојува хонорар од 500 евра по емисија – изјавил изворот.