Познати

Роналдо и Анџелина Џоли ќе снимаат филм

Кристијано Роналдо ќе има улога во филмот посветен на бегалците од Сирија. Филмот кој „ќе ги допре срцата“ ќе биде во турска продукција. Покрај фудбалерот на Реал Мадрид кој ќе има епизодна улога, во филмот ќе настапи и славната холивудска актерка Анџелина Џоли.

Проектот кој ќе гo реализира „Хајат корпус“ во соработка со турската телевизија треба да биде поука за човештвото преку приказната за животот на сириските бегалци во Газиантеп, градот што се наоѓа на турско-сириската граница.

„Приказната го допира срцето. Тоа е љубов, драма, сложени семејни врски и на крај борба за човечки живот“ – изјави Фатма Сахин, градоначалник на Газиантеп, во најавата на проектот.