Познати

Роналдо е вистински другар: На поранешниот соиграч му “намести“ вистинска убавица (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Роналдо ги запознал на една забава, после која на социјалните мрежи покажуваат дека меѓу нив има искри.

 

Кристијано Роналдо како Купидон! Да, Португалецот баш се најде во таа улога и на поранешниот соиграч Џејмс Родригез му најде нова девојка.

Станува збор за рускиот модел Хелги Ловекати, а Роналдо ги запознал на една забава, а после тоа тие на социјалните мрежи покажуваат дека меѓу нив има искри.

Родригез е слободен откако се раздели со Даниела Опсина, со која ја има ќерката Саломе.

Хелга Ловекати инаку е 25 годишен модел кој на социјалните мрежи има повеќе 3,5 милиони следачи.