Познати

Роналдо чека близнаци, но не од девојката

Големата ѕвезда на светскиот фудбал – Кристијано Роналдо, повторно ќе стане татко, соопшти британскиот “Сан”.

ronaldo

Португалецот чека близнаци, а мајката повторно ќе биде сурогат и речиси сигурно ќе остане непозната, прецизира весникот.

Ѕвездата на „Реал Мадрид“ има син кој го роди сурогат мајка во 2010 година и го носи неговото име.

Во моментов Кристијано Роналдо има сериозна девојка – шпанскиот модел Георгина Родригез, за која според гласините тој ќе се ожени догодина.