Познати

Први фотографии од свадбата на Серена Вилијамс и Алексис (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Американската тенисерка Серена Вилијамс се омажи за Алексис Оханијан, еден од основачите на Редит, а според наводите на Дејли Мејл венчавката чинела над милион долари.

Како што наведува весникот тоа била една од најголемите свадби од светот на шоубизнисот годинава.

Меѓу гостите на свадбата биле Бијонсе, Ким Кардашијан и Ева Лонгорија.

Американските медиуми наведуваат дека поканети биле околу 200 гости, како и дека цел градски блок бил затворен поради ова случување.

На венчавката присуствувала уреднбичката на „Вог“, па поради ексклузивен договор со тој магазин од гостите било побарано со себе да не ги носат своите мобилни телефони.

Вилијамс на почетокот на септември роди девојче, а фотографиите од целата бајка се во продолжение, уживајте.